Пронајден починат 24-годишник во кавадаречко Марена
- Момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Кавадарци, 21 јануари 2025 (МИА) - Момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Во 19:05 часот во ОВР - Кавадарци било пријавено дека во кадата во купатило во куќа каде престојувал во село Марена, пронајден бил починат 24-годишниот Д.Н. од селото Бегниште. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство, појаснуваат од СВР - Велес.
Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР - Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција. свд/дма/
Фото: МИА архива