Промоција на стихозбирката „На ти со Ерос и Танатос“ од Виолета Танчева-Златева
- Најновата поетска книга на Виолета Танчева-Златева - „На ти со Ерос и Танатос“ ќе биде објавена вечер од 19 часот во Даут-пашин амам. Стихозбирката е издание на Издавачкиот центар ТРИ и беше финалист за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.
Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Најновата поетска книга на Виолета Танчева-Златева - „На ти со Ерос и Танатос“ ќе биде објавена вечер од 19 часот во Даут-пашин амам. Стихозбирката е издание на Издавачкиот центар ТРИ и беше финалист за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.
- „На ти со Ерос и Танатос“ се издвојува по својата зрелост и експерименталност во жанрот, што ни покажува дека тие две нешта не се секогаш обратнопропорционални. Промотор на настанот ќе биде акад. Иван Џепаровски, кој ќе ја претстави книгата во својот препознатлив ерудитски стил. Познатиот македонски поет, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димовски за збирката напиша: „Овој пат поезијата на Танчева се доживува како сведоштво на длабоко проживеано искуство проектирано во прочистен поетски дух. Лирскиот наратив диспонира постојани вибрации од доживувања до мислења, од пофалбите на еротското и телесното до меланхолични увиди во состојбите на танатосот, колку катарзично зашто сѐ минува низ болката, толку и исцелително бидејќи останува бледата линија на лузнатa како зарасната рана, соопшти ТРИ.
„На ти со Ерос и Танатос“ е шеснаесетта книга, а десетта поетска збирка на авторката Виолета Танчева-Златева.
-Од нив особено се издвојуваат „Година без лето“, што беше наградена со „Браќа Миладиновци“ во 2015 година; „Патот“, која ја доби наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ, како и „Глуво време“, со која се запиша во списокот добитници на „Антев златник“ на манифестацијата „Антево перо“, се наведува во соопштението.
Стихови од нејзината нова книга на промоцијата ќе интерпретираат младите автори Милена Сиљаноска, Андреј Медиќ Лазаревски, Ирена Јурчева, Пепи Стамков и Ивана Јовановска. хс/са/
Фото: Издавачки центар ТРИ