Промоција на книгите „Посланија и беседи“ од архиепископот Доситеј и „Таков архиереј ни требаше“
- Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска на пладне ќе бидат промовирани книгите „Посланија и беседи“ од архиепископот Доситеј и „Таков архиереј ни требаше“ - зборник трудови во чест на архиепископот Доситеј.
Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска на пладне ќе бидат промовирани книгите „Посланија и беседи“ од архиепископот Доситеј и „Таков архиереј ни требаше“ - зборник трудови во чест на архиепископот Доситеј.
Промотори на книгите ќе бидат архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Архиепископот Доситеј (7 декември 1906 - 20 мај 1981) е прв поглавар на возобновената Охридска архиепископија во името на Македонската православна црква.
На црковно-народниот собор во Охрид во 1958, кога се возобновува Охридската архиепископија како Македонска православна црква, е избран за прв поглавар, востоличен во архиерејскиот трон на св. Климент со титула Архиепископ Охридски и Скопски и прв митрополит Македонски. Под негово раководство на црковно - народен собир во 1967 година, МПЦ е прогласена за автокефална.са/ац/
Фото: САС на МПЦ-ОА