Во салонот на Чери, пристигна луксузниот седан од Кина, Чери Аризо 8. Иако претставен во 2022 година во Кина, Аризо 8 е конечно официјално достапен и во Македонија. Со атрактивна почетна цена од 23.990 евра, нуди богата опрема и луксузен дизајн. Моментално Аризо 8 е достапен само со 1.6 турбо бензинец со 147 коњски сили со 7-брзински автоматски менувач со двоен кумплунг и погон на предни тркала. Аризо 8 забрзува од 0 до 100 км\ч за 10 секунди, има просечна потрошувачка од 7л/100 км и максимална брзина од 195 km/h. Достапен е со две нивоа на опрема, “Комфорт” и “Нобл” кои нудат богата стандардна опрема како дигитална инструмент табла од 12 инчи, 12-инчен мултимедијален систем со Епл Карплеј и Андроид Ауто, ЛЕД осветлување, адаптивен темпомат, асистенција за промена и напуштање на лента, предупредувања за судар и системи за следење на мртов агол. Исто така располага со електрично подесување на седишта, греачи и вентилација на седиштата, двозонска клима, амбиентално осветлување, панорамски кров и далечинско палење. Во поглед на аудио системот, Аризо 8 е опремен со СОНИ озвучување со 8 звучници. Во однос на просторот за багаж, овој модел располага со 445 литри капацитет на багажник. Покрај овие две нивоа на опрема се очекува да биде достапен и како хибрид со 278 коњски сили.
Фото: Принт скрин од Youtube