Прилеп ја претстави „Празничната приказна“ од повеќедневни настани и изненадувања
- Со манифестација „Прилепска празнична приказна“ и со богата програма од 24 декември, Прилеп најавува повеќедневни настани во пресрет на пречекот на Новата 2026 година.
Прилеп, 16 декември 2025 (МИА) - Со манифестација „Прилепска празнична приказна“ и со богата програма од 24 декември, Прилеп најавува повеќедневни настани во пресрет на пречекот на Новата 2026 година.
Многу музички настапи, празничен базар на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ и со многу новогодишни изненадувања и подароци како и со заеднички речек на Новата Година, локалната самоуправа ги најави празничните настани.

-Настаните ќе се одвиваат секојдневно од 17 до 21 часот до 30 декември на Плоштадот каде ќе биде големата бина. На 31 декември, при пречекот на Новата година програмата ќе биде до 1 часот по полноќ. Свеченото отворање на „Прилепската празнична приказна“ е на 24 декември, в среда со програма која опфаќа домашни музички ѕвезди и бендови. В четврток настапува камерниот оркестар „Дива“ од Битола, в петок, на 26 декември ди-џеј и ќе настапи Владо Јаневски, в сабота ќе биде програма, главно наменета за најмладите, а вечерта со музички настапиу и ди-џеи, в недела меѓу другите, е Winter street festival caravan“ од Скопје, в понеделник, на 29 ќе настапат „Артриум“ и ди-џеј Вера Јанкович, во вторник на 30 декември се настапите на „Калабалак“ и „Љубојна“, а в среда, во пресрет на Новата Година ќе настапи Наум Птрески со бенд, објаснува Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа во Прилеп.

Сите денови на Плоштадот ќе има новогодишен базар со многу изненадувања и подароци. Во прославата се вклучува и прилепска „Витаминка“ која во Новата година слави 70 години постоење.
- Прилеп ја нуди „Празничната приказна“. Сакаме да воспоставиме традиција на новогодишни настани и убави моменти. Освен богатото украсување на градот, сите овие настани ќе ја збогатат празничната атмосфера во градот, вели Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп. ем/вг/
фото извор МИА