• петок, 06 март 2026

Прикажан едукативниот филм „Кликни безбедно“ за побезбедно користење интернет

Прикажан едукативниот филм „Кликни безбедно“ за побезбедно користење интернет

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“, создаден како заеднички проект на ученици и наставници со цел подигнување на свеста за безбедно и одговорно користење на интернетот, денеска беше промотивно прикажан во Домот „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода.

Филмот, со времетраење од 15 минути, е изработен во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација, и е наменет за деца до 15-годишна возраст.

Министерот Андоновски на промоцијата истакна дека филмот е дел од последната активност во рамките на Месецот за побезбеден интернет.

- Филмот говори за предизвиците на интернетот, за безбедноста и ризиците, како и за потешкотиите со кои се соочуваат младите онлајн и на кои прашања треба да внимаваат кога се присутни на интернет – рече министерот.  Овој анимиран филм ќе биде достапен за сите национални, локални и регионални телевизии. Исто така, ќе биде доставен до сите училишта во државата преку педагошките служби. - Министерството за образование и наука ќе го направи достапен до сите училишта, за да може да се презентира во класовите и да се отвори дискусија за интернет-предизвиците - рече министерот.

Андоновски најави дека се чека одговор од Европската Унија за втората фаза од проектот, изразувајќи надеж за позитивни вести во наредниот период.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода истакна дека општината со задоволство поддржува проекти кои ја зајакнуваат безбедноста на децата.

- Чест и задоволство е да се учествува и да се биде дел од ваков значаен проект кој значи побезбедно и поубаво детство за сите деца. Ние како општина учествуваме во секој проект кој значи безбедност, сигурност и добра иднина за учениците - рече таа.

Додаде дека општината ќе продолжи да работи на теми поврзани со детската безбедност и дигиталните предизвици.ар/вј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан