• петок, 05 декември 2025

Приведени татко и син од Кавадарци поради сомнение за лихварство, за долг од 80 000 земале над 700.000 денари

Приведени татко и син од Кавадарци поради сомнение за лихварство, за долг од 80 000 земале над 700.000 денари

Кавадарци, 7 ноември 2025 (МИА) - Две лица од Кавадарци се приведени поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Според полицијата, осомничените на оштетено лице од Неготино му наплатиле над 700.000 денари за заем од 80.000 денари.

-Вчера во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од овој град, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но, бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари, појаснија од СВР - Велес.

По издадена судска наредба, како што додадоа, бил извршен претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што биле пронајдени предмети за кои постоело сомнение дека се поврзани со делото. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што потенцираа од СВР - Велес, ќе биде поднесена соодветна пријава.свд/ар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан