• петок, 21 февруари 2025

Приведени двајца крадци од тетовско, пронајдени повеќе украдени предмети

Приведени двајца крадци од тетовско, пронајдени повеќе украдени предмети

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово, вчера во 14 часот, ги лишиле од слобода З.Џ.(23) од село Желино и А.А.(47) од Тетово, поради основано сомнение дека се извршители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

- При претреси во нивните домови и помошни простории во село Желино, Тетово и во село Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино, соопшти денека МВР.

Предметите, како што е наведува во соопштението, биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. З.Џ. и А.А. биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени  соодветни поднесоци. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан