Приведена неготинка, осомничена за предизвикување пожар
- Полициски службеници ја лишиле од слобода 73-годишната неготинка В.А. синоќа во 18:40 часот. Таа се сомничи дека во сопствената куќа во Неготино, предизвикала пожар, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Неготино, 5 ноември 2025 (МИА) - Полициски службеници ја лишиле од слобода 73-годишната неготинка В.А. синоќа во 18:40 часот. Таа се сомничи дека во сопствената куќа во Неготино, предизвикала пожар, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица - Неготино, а повредени лица нема. В.А била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР - Неготино и по документирање на настанот, против В.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од СВР - Велес. свд/дма/
Фото:МИА архива