• петок, 05 декември 2025

Приведен неготинец, со 2,99 промили алкохол во крвта се заканувал на неговиот татко

Приведен неготинец, со 2,99 промили алкохол во крвта се заканувал на неговиот татко

Неготино, 2 декември 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР-Неготино вчера привеле 37-годишник од Неготино, по претходна пријава дека упатувал закани кон неговиот 63-годишен татко, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Синоќа во 21:35 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода 37-годишник од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани на неговиот 63-годишен татко. При преземање мерки извршено му е алкотестирање и измерени му се 2,99 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР - Велес.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. свд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан