• сабота, 22 февруари 2025

Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

Скопје, 23 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници вчера во Гостивар го привеле Б.Ф.(68) поради основи на сомнение дека на 21.01.2025 извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети од објект во изградба во Гостивар, соопшти МВР.

Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Б.Ф. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан