Претседателството на БиХ го усвои државниот буџет по повеќе од една година, се чека потврда од Парламентот
- Претседателството на Босна и Херцеговина денеска, по повеќе од една година, едногласно, на вонредна седница, го усвои буџетот на институциите и меѓународните обврски за 2025 година, објавено е на официјалната веб-страница на Претседателството.
Сараево, 11 ноември 2025 (МИА) - Претседателството на Босна и Херцеговина денеска, по повеќе од една година, едногласно, на вонредна седница, го усвои буџетот на институциите и меѓународните обврски за 2025 година, објавено е на официјалната веб-страница на Претседателството.
Предложениот буџет изнесува 1,5 милијарди конвертибилни марки, односно околу 770 милиони евра, а тој, според пишувањата на локалните медиуми, во однос на претходниот предлог се разликува по тоа што нема зголемување на средствата за Оружените сили на БиХ, финансирањето на институциите од културно значење на државно ниво и средства за враќање на долговите на Јавниот сервис на БиХ - БХРТ.
Буџетот сега оди во процедура во Парламентарното собрание на БиХ. ссм/
фото: архива