Претседателот на Собранието Гаши ќе учествува на Доха Форумот 2025
- Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Доха Форумот 2025 што од денеска до 8 декември се одржува во Доха, Катар.
Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Доха Форумот 2025 што од денеска до 8 декември се одржува во Доха, Катар.
Како што информираат од собраниската прес-служба, темата на овогодишниот форум е „Правдата на дело: повеќе од само ветување за напредок“.
На маргините на Доха Форумот претседателот на Собранието ќе оствари средба со својот хомолог Хасан Бин Абдула Ал-Ганим, претседател на Советот на Шурата на Државата Катар, потоа со Султан Бин Саад Ал Мураики, државен министер за надворешни работи на државата Катар како и со Шеиката Ал Мајаса Бин Хамад бин Калифа-Ал Тани, претседателка на музеите и културното наследство на Катар. сст/вг/
Фото МИА архива