• сабота, 22 февруари 2025

Претседателот на Сенатот стана привремен претседател на Романија

Претседателот на Сенатот стана привремен претседател на Романија

Букурешт, 11 февруари 2025 (МИА) - Уставниот суд на Романија го назначи актуелниот претседател на Сенатот Илие Боложан за привремен претседател на земјата, јавуваат локалните медиуми. Тој ќе ја преземе функцијата утре.

Се очекува Боложан до крајот на денот да се повлече од лидерската позиција на Национал-либералната партија, бидејќи на претседателот на Романија не му е дозволено да биде член на ниту една политичка партија.

Оваа одлука следува по вчерашната оставка на досегашниот претседател Клаус Јоханис. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан