Прес-конференција на Јавното обвинителство за акцијата „Вардар“
- Во Јавното одбивинителство се одржува прес-конференција за акцијата „Вардар“ во која е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, а која делувала на териториите на повеќе држави. На прес-конференцијата присуствуваат јавниот обвинител Љупчо Коцевски, шефот на ОЈОГОКК Исмал Абази, обвинителот Дејан Петрески и јавниот обвинител за врски со Европравда Ленче Ристоска.

Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - Во Јавното одбивинителство се одржува прес-конференција за акцијата „Вардар“ во која е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, а која делувала на териториите на повеќе држави. На прес-конференцијата присуствуваат јавниот обвинител Љупчо Коцевски, шефот на ОЈОГОКК Исмал Абази, обвинителот Дејан Петрески и јавниот обвинител за врски со Европравда Ленче Ристоска.
Во акцијата беа извршени претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес и Прилеп кај правни и физички лица и лишени од слобода 10 лица (девет лица од Скопје и едно лице од Велес).