Премиера на нова сцена од „Лефти и Рајти“ инспирирана од викенд авантура
- Меѓународна органолептичка комисија ќе ги анализира пристигнатите мостри на мед од натпреварувачите – вкупно 200 пчелари од 15 држави.
Скопје, 6 декември 2025 (МИА) – Во книжарницата Literatura.mk во Дајмонд мол денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи премиерното издание на детската театарска претстава „Лефти и Рајти и нивните стари и нови авантури“. Настанот е посветен на најмладата публика и ќе претстави нова сцена инспирирана од најновата приказна „Лефти и Рајти на викенд“.
Претставата, која веќе е меѓу најпосетените детски културни настани, ја носи препознатливата комбинација од интерактивност, хумор и едукативни пораки. Новата сцена ќе ги одведе Лефти, Рајти и нивната другарка Мими во весела викенд авантура со игри во парк, нови пријателства и динамична театрална интерпретација.
По изведбата ќе се одржи и едукативна работилница за деца, каде најмладите ќе учат како правилно да се грижат за своите облеки, да ги диплат и организираат, и зошто е важно да развиваат чувство за одговорност во секојдневието.
Воедно, ќе биде промовирана и третата сликовница од серијалот „Приказни за облеките“ на авторката Наташа Дукоска – „Лефти и Рајти на викенд“.ар/лв/
Фото:МИА архива