• среда, 28 јануари 2026

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода

Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) – Корисниците од населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода, вечерва, се без водоснабдување поради уличен дефект на водоводна цевка на улица „Лазар Димитров“.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето е прекинато од 19:40 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

– Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 100 на улица Лазар Димитров 31. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата 11-ти Октомври бараките. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 19:40 часот до завршување на работните активности, стои во соопштението. ра/ац/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан