• петок, 05 декември 2025

Прекин на струја и вода во делови од Кисела Вода и Центар

Прекин на струја и вода во делови од Кисела Вода и Центар

Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) – Без струја денеска од 8 до 14 часот ќе останат корисниците на делови од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, во општина Кисела Вода. Без вода пак од 9 до ноќеска до полноќ ќе останат дел од корисниците на улицата „Ацо Караманов“, како и објектот на Американската Резиденција, во општина Центар.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со електрична енергија и водоснабдување на дел од жителите на општините Кисела Вода и Центар е поради планирани активности и дефекти. бк/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан