• петок, 05 декември 2025

Презентација на резултати од проектот „БАРИСТА – Валидација и транспарентност на вештините за бариста обука“

Презентација на резултати од проектот „БАРИСТА – Валидација и транспарентност на вештините за бариста обука“

Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - Резултати од европскиот проект „БАРИСТА – Валидација и транспарентност на вештините за бариста обука“ ќе бидат презентирани денеска на настан во Институтот за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ.

Од ИТЕМ најавија дека ќе бидат презентирани е-платформа за учење, наставна програма, тренинг материјали и Прирачник за Баристи, подготвени да се користат од страна на почетни и напредни баристи, како и од обучувачи и угостителски бизниси. Ќе бидат споделени и успешни примери на пракса од партнерски организации.

Проектот БАРИСТА претставува прва иницијатива во земјава што воспоставува систематизиран модел за развој на бариста вештини, усогласен со современите европски стандарди и барањата на угостителскиот пазар. Преку дигитални алатки и практична едукација, проектот обезбедува структуриран пристап во надградувањето на професионалните компетенции и квалитетот на услугата во кафе индустријата. Овој иновативен пристап е од особено значење за подобрување на професионалните можности на младите и за подигнување на нивото на услужните дејности во државата.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+ и се реализира во партнерство со организации од Франција, Северна Македонија, Турција, Грција, Италија и Шпанија.лв/вг/

фото: МИА архива 

Остани поврзан