• вторник, 30 декември 2025

Превц победи на скокалницата во Висла

Превц победи на скокалницата во Висла

 

Висла, 6 декември 2025 (МИА) – Словенецот Домен Превц триумфираше вечерва на скокалницата во Висла во рамки на Светскиот куп во скијачки скокови.

Превц дојде до својата прва победа во сезоната со скокови од 136,0 и 130,0 метри, со што освои 286,2 поени, 6,8 повеќе од второпласираниот Германец Филип Рајмунд (129,0 и 130,5 метри). Третопласираниот Јапонец Рјоју Кобајаши заостана 19 поени зад победникот, со скокови од 130,5 и 123,0 метри.

Словенецот Анже Ланишек го задржа водството во генералниот пласман на Светскиот куп со денешното четврто место со 406 поени, 36 повеќе од второпласираниот Превц и 80 од третопласираниот Кобајаши.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан