• вторник, 30 декември 2025

Превц нов лидер со втор триумф во Висла

Превц нов лидер со втор триумф во Висла

 

Висла, 7 декември 2025 (МИА) – Словенецот Домен Превц триумфираше денеска на скокалницата во полска Висла, комплетирајќи го својот совршен викенд во Светскиот куп во скијачки скокови, откако беше најдобар и во саботата.

Превц дојде во втората едноподруго победа во Висла со скокови од 137,0 и 132,0 метри, што му донесе 282,3 поени.

Само 0,9 поени зад Превц со скокови од 130,5 и 129,5 метри второто место го освои Јапонецот Рјоју Кобајаши, додека Германецот Филип Рајмунд го освои третото место со 276,8 поени (131,5 и 129,0 м).

Превц со денешната победа го презеде и водството во генералниот пласман во Светскиот куп со 470 бодови, 32 повеќе од неговиот второпласиран сонародник Анже Ланишек и 64 повеќе од третопласираниот Кобајаши. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан