Превентивна теренска акција за задолжително носење зимска опрема
- Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани и Општина Кочани на територијата на градот Кочани и на експресниот пат Штип – Кочани реализираа теренска акција во која потсетуваа за законската обврска за задолжително носење зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.
Кочани, 17 ноември 2025 (МИА) - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани и Општина Кочани на територијата на градот Кочани и на експресниот пат Штип – Кочани реализираа теренска акција во која потсетуваа за законската обврска за задолжително носење зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.
Превентивно-едукативната активност беше наменета за возачите. Препораките за безбедно управување на возилата во зимски услови наидоа на одличен прием и поддршка од возачите. Возачите беа предупредувани да ја приспособат брзината, да држат растојание и да возат внимателно. Возилото треба да има зимски пневматици и соодветна зимска опрема. ис/вј/
Фото: Општина Кочани