Првпат во државата извршена интервенција на пациент со скршен лакт, постигната стабилизација на зглоб и враќање на функцијата на целосни движења
- Министерството за здравство денеска соопшти дека првпат во државата е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во зглоб на лакт, со што е постигната стабилизација на зглобот и враќање на функцијата на целосни движења во него.

Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - Министерството за здравство денеска соопшти дека првпат во државата е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во зглоб на лакт, со што е постигната стабилизација на зглобот и враќање на функцијата на целосни движења во него.
Интервенцијата, како што е наведебо во соопштението, е изведена на клиниката за трауматологија, при ТОАРИЛУЦ.
- Станува збор за првиот систем за радијална замена на главата со радиолуцентни испитувања, кодирани во боја кои овозможуваат одредување на висината на самото место и визуелизација на проксималната улна и зглобот. Интервенцијата ја извршија трауматологот д-р Игор Мерџаноски, д-р Александра Танеска, д-р Александра Горѓоска, анестезиолог д-р Александар Димитровски, медицинската сестра- инструментарка Елизабета Јовановска и рендген техничар, Тони Цветковски, соопштија од Министерството за здравство. дма/са/
Фото:МИА архива