• недела, 11 јануари 2026

Првото бебе во 2026 година во Кочани доби подарок од РСБСП – детско седиште за автомобил

Првото бебе во 2026 година во Кочани доби подарок од РСБСП – детско седиште за автомобил

Кочани, 10 јануари 2026 (МИА) - Првото бебе родено во 2026 година во Општата болница во Кочани, бебето Миха, доби пригоден подарок – детско седиште за во автомобил. Подарокот го обезбеди Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) Кочани.

Претставниците на РСБСП и ОСБСП Кочани ја посетија мајката и новороденчето, при што им посакаа многу здравје, среќа и бериќет во новата 2026 година.

Од РСБСП информираат дека оваа активност ќе продолжи и во другите градови низ државата, каде што првите новороденчиња во 2026 година ќе добијат детски седишта за автомобил во деновите што следуваат.

Воедно, од Советот упатија порака дека новата година и божиќните празници треба да бидат потсетник дека „Секој живот е важен“. - Со почитување на сообраќајните правила и одговорно однесување во сообраќајот, секој поединец може да придонесе празничните денови да бидат исполнети со радост и среќа, а не со трагични последици, порачаа од РСБСП. ис/дма/

Фото: РСБСП

Остани поврзан