Првиот вицепремиер Меџити ќе присуствува на „Молитвениот појадок“ што се организира под покровителство на Трамп
- Првиот вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити, отпатува за Соединетите Американски Држави за да учествува на традиционалниот „Молитвен појадок", кој се организира под покровителство на Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопштија од Демократското Движење.

Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Првиот вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити, отпатува за Соединетите Американски Држави за да учествува на традиционалниот „Молитвен појадок", кој се организира под покровителство на Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопштија од Демократското движење.
Ова, нагласуваат оттаму, е еден од најважните настани во годината во Вашингтон, на кој присуствуваат политички лидери, претставници на меѓународни институции и влијателни личности од целиот свет.
- Присуството на Меџити на овој настан е дел од неговите честите посети во САД, што потврдува неговата посветеност за зајакнување на односите со најважниот стратешки партнер на Северна Македонија. Последно, Меџити беше присутен и на церемонијата за инаугурација на Претседателот Трамп, што го направи еден од високите официјални лица од регионот што ги следеше најновите случувања во американската политика, се вели во соопштението.
Неговата посета во Вашингтон за „Молитвениот појадок“ се очекува да биде искористена и за средби со претставници на американската администрација и членови на Конгресот, со цел зајакнување на соработката помеѓу двете земји во различни области. сст/нд/
фото: Демократско Движење