• сабота, 22 февруари 2025

Почувствуван земјотрес во Штип и околината

Почувствуван земјотрес во Штип и околината

Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.7. е регистриран изутринава во 9 часот и 18 минути во епицентралното подрачје Штип - Радовиш на 70 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан