• петок, 21 февруари 2025

Почнува нокаут фазата од Лигата на шампионите: Реал Мадрид му гостува на Манчестер Сити, Јувентус го пречекува ПСВ

Почнува нокаут фазата од Лигата на шампионите: Реал Мадрид му гостува на Манчестер Сити, Јувентус го пречекува ПСВ

Манчестер, 11 февруари 2025 (МИА) - Манчестер Сити вечерва од 21 часот ќе му гостува на Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Манчестер Сити групната фаза во Лигата на шампионите ја заврши на 22. место на табелата со 11 бодови, додека Реал ја освои 11. позиција со 15.

-Играњето на плеј-офот за осминафиналето против Сити е големо изненадување, бидејќи тоа можеше да се случи во полуфиналето или финалето, но тоа е само поради наша вина. Подготвен сум на критики ако не одиме понатаму. Иако сме подготвени, мислам дека Сити е еден од најдобрите тимови во Европа и тие се предводени од најдобриот тренер, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во пресрет на натпреварот со Манчестер Сити.

Двојки од плејофот во ЛШ:

Манчестер Сити - Реал Мадрид
Брест - ПСЖ
Јувентус - ПСВ Ајндховен
Спортинг Лисабон - Борусија Дортмунд. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан