• петок, 05 декември 2025

Почна со работа новиот состав на Советот на Општина Виница, Гоце Василев избран за претседател

Почна со работа новиот состав на Советот на Општина Виница, Гоце Василев избран за претседател

Виница, 11 ноември 2025 (МИА) - Со конститутивна седница и верификација на мандатите, денеска во Виница официјално започна со работа новиот состав на Општинскиот совет. Од вкупно петнаесет советници, мандатите им беа потврдени на четиринаесет, додека еден ќе биде разгледан дополнително на наредната седница.

За претседател на Советот едногласно беше избран Гоце Василев, претставник на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во своето прво обраќање, Василев најави дека ќе работи посветено и транспарентно, со цел да се унапреди квалитетот на живот во општината и да се поттикне конструктивна соработка меѓу сите советници.

-Советот треба да биде пример за одговорност и работа во интерес на граѓаните. Верувам дека заедно можеме да носиме решенија кои ќе значат подобра иднина за Виница, истакна новоизбраниот претседател.

И од опозициската советничка група пристигна поддршка за изборот, со порака дека ќе следи партнерски пристап и отворен дијалог, сè додека работата на Советот се одвива непристрасно и без политички влијанија.

Со конституирањето на новиот состав, Општина Виница влегува во нов четиригодишен мандат на локалното законодавно тело, кое ќе има клучна улога во развојот на локалните политики и проектите од јавен интерес. ис/вј/

Фото: ФБ профил на Општина Виница

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан