• сабота, 21 декември 2024

Почина поранешниот англиски репрезентативец Истхам

Почина поранешниот англиски репрезентативец Истхам

 

Лондон, 21 декември 2024 (МИА) – Џорџ Истхам, поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија со која го Светското првенство во1966 година, почина на 89-годишна возраст, соопшти денеска неговиот поранешен клуб Стоук.

„Фудбалскиот клуб Стоук Сити е бескрајно тажен поради смртта на клупската легенда Џорџ Истхам. Тој ќе остане запаметен како човекот чиј гол ни донесе победа над Челзи во финалето на ФА Купот во 1972 година“, се вели во соопштението на поранешниот клуб на Истхам.

Во својата кариера, меѓу другото, играше и за Арсенал и Њукасл, а во 1973 година беше награден со Орден на Британската империја за придонес во фудбалот.

За англиската репрезентација Истхам одигра 19 натпревари. ег 

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан