Почина актерот Ерик Дејн, една од ѕвездите на серијата „Вовед во анатомија“
- Глумецот Ерик Дејн, можеби најпознат по улогата на Марк Слоун во „Вовед во анатомија“ (Grey's Anatomy), почина на 53-годишна возраст.
Лос Анџелес, 20 февруари 2026 (МИА) - Глумецот Ерик Дејн, можеби најпознат по улогата на Марк Слоун во „Вовед во анатомија“ (Grey's Anatomy), почина на 53-годишна возраст по битката со амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Роден на 9 ноември 1972 година во Сан Франциско, Дејн имаше улоги во серии, како „Волшебнички“ (Charmed), каде што го глумеше ликот на Џејсон Дин две сезони, како и 50-ина други улоги. Актерот во април 2025 година откри дека веќе го има тоа неизлечиво дегенеративно невролошко нарушување наведувајќи во интервју со водителката Дајан Соер дека десната страна од неговото тело престанала да работи и дека бргу ја губи функцијата на левата рака.
Зад себе остави две ќерки од бракот со глумицата Ребека Гејхарт, со која се ожени во 2004 година.
Иако постапката за развод беше поднесена во 2018 година, таа беше прекината во март 2025, еден месец пред Дејн јавно да проговори за својата дијагноза. си/сд/
Фото: МИА архива