• петок, 05 декември 2025

Португалија ја декласира Ерменија и избори пласман на СП 2026

Португалија ја декласира Ерменија и избори пласман на СП 2026

Порто, 16 ноември 2025 (МИА) - Португалија денес ја совлада Ерменија со убедливи 9:1 во последниот натпревар од групната фаза од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026. Натпреварот се одигра на „Естадио до Драгао“ во Порто.

Жоао Невес и Бруно Фернандеш постигнаа по три гола за домаќините, Ренато Веига, Гонсало Рамос и Франциско Консеисао имаа по една реализација.

Единствениот погодок за Ерменците беше дело на Едуард Спертсјан. 

Португалија освои 13 бода и избори директен пласман на Светското првенство 2026 од првото место во Групата Ф.

На другиот натпревар од групата Ф, Република Ирска ја совлада Унгарија со 3:2. Ирците завршија на второто место во својата група и ќе играат во плејофот за место на Светското првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан