Порошенко до Зеленски: Престани да се однесуваш како да си на стадион
- -Овој облик на борба не е во корист на Украина, без разлика колку се елоквентни аргументите. Разговорот со Трамп бара дипломатско мајсторство, трпение и смиреност за да не се реагира на секоја негова изјава. Подготвен сум да одам во Брисел или дури и во Вашингтон за да ја спасам ситуацијата, додаде Порошенко.

Киев, 21 февруари 2025 (МИА) – Во врска со се позатегнатите односи меѓу американскиот и украинскиот претседател, Доналд Трамп и Володомир Зеленски, поранешниот украински претседател Петро Порошенко го повика својот наследник на чело на Украина да избере помек пристап во односите со САД.
Порошенко беше претседател од 2014 до 2019 година, а сега е лидер на опозицијата во парламентот. Тој се уште е политички ривал на Володимир Зеленски, кој убедливо го победи на изборите во 2019 година.
Зборувајќи за растечките тензии меѓу Украина и САД, Порошенко рече дека Зеленски треба да престане „да се однесува како да е на стадион“.
-Овој облик на борба не е во корист на Украина, без разлика колку се елоквентни аргументите. Разговорот со Трамп бара дипломатско мајсторство, трпение и смиреност за да не се реагира на секоја негова изјава. Подготвен сум да одам во Брисел или дури и во Вашингтон за да ја спасам ситуацијата, додаде Порошенко.
Да потсетиме, Зеленски вчера му рече на пратеникот на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, дека Украина е подготвена да работи брзо за да создаде силен и корисен договор за инвестиции и безбедност со САД.сд/
фото:ЕПА