• сабота, 22 февруари 2025

Попов: Заедно со УМС ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочуство за Фросина и револт против системот кој убива

Попов: Заедно со УМС ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочуство за Фросина и револт против системот кој убива

Скопје, 31 јануари 2025

Без разлика на политичката определеност, граѓанска должност на секој поединец е да го крене гласот против нефункционалниот систем.

Убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители кои ќе ја вршат својата работа и нема да дозволуваат апсени криминалци да шетаат по нашите улици.

Заедно со моите колеги од УМС, денес ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочувство за Фросина, како и револт против системот кој убива.

Згрозени од обидите на одредени поединци и структури да го политизираат овој случај, ве повикуваме сите во 13 часот да оддадеме почит и да не дозволиме оваа борба за правда и сигурност да биде извалкана и користена за политички поени. 

Претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

фото ФБ

 

 

Остани поврзан