• недела, 11 јануари 2026

Полицијата приведе велешанец со 2,09 промили алкохол во крвта

Полицијата приведе велешанец со 2,09 промили алкохол во крвта

Велес, 22 декември 2025 (МИА) - На улицата „Гоце Делчев“ во Велес, синоќа пред полноќ во 23:50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле  од слобода 49 годишниот Г.Т. од Велес поради управување возило под дејство на алкохол.

-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е  под дејство на алкохол, и  дека има 2,09 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, информираат денеска од СВР Велес.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.ад/вј

Фото: МИА архива

Остани поврзан