Пожар во семејна куќа во Куманово
- Кумановските пожарникари гаселе пожар на семејна куќа на улицата „Ѓуро Пуцар“, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Две противпожарни возила и петмина пожарникари два и пол часа и го гаселе пожар кој избувнал околу 21 часот.

Куманово, 15 февруари 2025 (МИА) - Кумановските пожарникари гаселе пожар на семејна куќа на улицата „Ѓуро Пуцар“, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Две противпожарни возила и петмина пожарникари два и пол часа и го гаселе пожар кој избувнал околу 21 часот.
- Пожарот го зафатил приземниот дел од објектот, причинета е поголема материјална штета. Завршен е во 23: 15 часот, информираа од РЦУК Куманово.
Пожарникарите вчера интервенирале и на опожарена сува трева во дворот на напуштена семејна куќа во село Табановце.
Според информациите на ТППЕ Куманово од почетокот на годинава досега имало 45 пожари, претежно на отворен простор. ам/нд/
Фото: МИА