Поднесена кривична пријава за полов напад и уцена врз малолетното девојче од Липково
- Во интерес на истрагата и потребата од заштита на малолетната жртва, Министерството за внатрешни работи апелира внимателно и етички да се известува за настанот, како и да се користат официјални извори.
Скопје, 10 јануари 2026 (МИА) - СВР Куманово денеска до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (31) од село Слупчане, Општина Липково за сторени кривични дела „полов напад и силување" и „уцена" и против Ќ.М. (28) од село Слупчане за сторено кривично дело „полов напад и силување".
Според МВР, Н.А., спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со Ќ.М. Потоа и се заканувал на малолетничката дека наводно ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20 000 евра. Девојчето било принудено да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, па во повеќе наврати му ги давала парите на Н.А.
Во интерес на истрагата и потребата од заштита на малолетната жртва, Министерството за внатрешни работи апелира внимателно и етички да се известува за настанот, како и да се користат официјални извори. мч/
фото: МИА