Подигањето смет во Тетово се одвива отежнато поради снегот
- Претријатието Саубермахер Тетово кое ја врши општинската услуа за подигање и транспортирање на комунален смет од градските контејнери соопшти дека се соочува со отежнат пристап.
Тетово, 21 јануари 2026 (МИА) - Претријатието Саубермахер Тетово кое ја врши општинската услуга за подигање и транспортирање на комунален смет од градските контејнери соопшти дека се соочува со отежнат пристап. Од таму посочуваат дека во одредени населени места на територијата на Општина Тетово доаѓа до одложување на собирањето на комуналниот отпад, односно истото нема да може да се реализира во предвиденото време поради отежнатите услови за пристап.
-Собирањето на отпадот од страна на компанијата Саубермахер Тетово ќе продолжи и ќе се реализира веднаш по подобрување на условите и овозможување безбеден и непречен пристап за возилата на терен. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и трпение до нормализирање на состојбата, се вели во соопштението од Саубермахер Тетово.
Претријатието има обврска да го собере сметот оставен во повеќе од 700 контејнери на јавни места во градот и неколку тетовски села кои приаѓаат на Општина Тетово.ас/
Фото: Саубермахер Тетово