• петок, 05 декември 2025

Повеќе од 1.500 летови откажани во САД поради владината блокада во Вашингтон

Повеќе од 1.500 летови откажани во САД поради владината блокада во Вашингтон

Вашингтон, 10 ноември 2025 (МИА) – Повеќе од 1.500 летови беа откажани во САД денеска, а над 1.200 беа одложени поради продолжениот делумен прекин на работата на федералната влада, што предизвикува хаос во авиосообраќајот четврти ден по ред.

Според податоците на веб-страницата за следење летови FlightAware, денеска се откажани над 1.550 летови, додека вчера биле откажани 2.950, а речиси 10.800 биле одложени – што е најтешкиот ден за американската авијација од почетокот на делумното запирање на работата на владата на 1 октомври.

Причините се намалени капацитети за контрола на летање и отсуства на персонал во федералните служби, што го нарушува нормалниот авио сообраќај во целата земја. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан