Пирати упаднаа на танкер во близина на брегот на Сомалија
- Пиратите со глисер се приближиле до танкерот и отвориле оган. Тие дејствувале од киднапиран ирански брод
Могадишу, 6 ноември 2025 (МИА) – Пирати денеска упаднаа на танкер, што плови под знаме на Малта, во близина на брегот на Сомалија, соопшти компанијата за поморска безбедност „Ембри“ (Ambrey).
Пиратите со глисер се приближиле до танкерот и отвориле оган. Тие дејствувале од киднапиран ирански брод.
Танкерот пловел од Сика, Индија до Дурбан, Јужна Африка. ми/
фото: МИА архива