• четврток, 02 април 2026
Печено јагнешко бутче

Мирисно, сочно и полно со вкусови – ова печено јагнешко бутче е вистински празничен специјалитет што буквално се топи во уста. Долгото маринирање и бавното печење му даваат совршена мекост и богат вкус.

Состојки за маринада:

  • 3 чешниња лук
  • 1 кафена лажичка оригано
  • 1 кафена лажичка мајчина душица
  • 1 супена лажица рузмарин
  • сок од 1 лимон
  • 2 супени лажици алкохолен оцет
  • 3–4 супени лажици сол
  • 1 морков

За печење:

  • 1 јагнешко бутче (околу 3 кг)
  • 200 мл масло
  • 200 мл бело вино
  • 1 млад кромид
  • 1 лимон
  • 1 кг млади компири
  • 700 мл вода
  • 2 супени лажици сув зачин

 
Подготовка:
Јагнешкото бутче измијте го добро под млаз ладна вода. Со остар нож направете мали засечоци (џебови) во месото. Во секој засек ставете по едно чешне лук и парче морков. Во сад измешајте ги ориганото, мајчината душица, рузмаринот, сокот од лимон и оцетот. Бутчето посолете го рамномерно, а потоа премачкајте го со подготвената маринада. Завиткајте го во фолија и оставете го во ладилник 24 часа за да ги впие вкусовите.
Во тава наредете исечен млад кромид, морков и лимон, како и излупени млади компири. Врз нив ставете го маринираното јагнешко бутче. Во тавата додадете вода, бело вино и масло, а одозгора посипете со сув зачин.
Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 170°C околу 3 часа. По истекот на времето, отстранете ја фолијата, прелијте го месото со течноста од тавата и вратете го во рерна да се запече на 200°C додека убаво не зарумени.

Фото: Фрипик

Остани поврзан