Од 2012 година бројот на убиства во Шведска паѓа на најниско ниво
- Во 2025 година беа убиени 84 лица, што претставува намалување во споредба со 92 жртви во 2024 година, и значително е под врвот од 2020 година кога беа убиени 124 лица. Падот на бројот на убиства БРА го препишува на новите методи на работа на полицијата, дополнителните ресурси и зголемените овластувања
Стокхолм, 1 април 2026 (МИА) - Бројот на убиства во Шведска минатата година падна на најниско ниво од 2012 година, соопшти Шведскиот национален совет за спречување на криминал (БРА).
Во 2025 година биле убиени 84 лица, што претставува намалување во споредба со 92 жртви во 2024 година, и значително е под врвот од 2020 година кога беа убиени 124 лица. Падот на бројот на убиства БРА го препишува на новите методи на работа на полицијата, дополнителните ресурси и зголемените овластувања. Ваквите овластувањата вклучуваат законодавство за прислушкување, електронски надзор и воспоставување на безбедносни зони кои овозможуваат претрес на лица дури и без претходно сомневање.
БРА посочи дека најсмртоносната масовна престрелка во Шведска се случи минатиот февруари, по што беа убиени 10 лица. Овој инцидент не беше поврзан со банди и имаше значително влијание врз статистиката за 2025 година, бидејќи сам по себе сочинува речиси четвртина од сите смртни случаи од вооруженото насилство во државата. И покрај падот на вкупниот број убиства, насилството со огнено оружје останува најчеста причина за насилна смрт. Во 2025 година од огнено оружје беа одземени 42 животи, што е за три животи помалку во споредба со претходната година. мв/јт
Фото: Пиксабеј