• сабота, 22 февруари 2025

Петрушевски: Љупчо Коцевски како шеф на Јавното обвинителство молчеше додека СДС ги крадеше институциите

Петрушевски: Љупчо Коцевски како шеф на Јавното обвинителство молчеше додека СДС ги крадеше институциите

Скопје, 13 февруари 2025

Љупчо Коцевски нема реализација, молчеше додека криминал му се случуваше пред очи во време на СДС, а сега им купува време.

Љупчо Коцевски како шеф на Јавното обвинителство не најде за потреба да отвори предмет против Артан Груби додека беше на власт, иако целата јавност и медиумите гласно зборуваа за сомнежите за криминал.

Коцевски не мрдна со прст ниту за криминалите во РЕК Битола и ЕСМ, каде милиони евра народни пари се испумпаа преку матни тендери.

Додека СДС ја ограбуваше државата, Љупчо Коцевски молчеше.

Тоа што граѓаните имаат само 2% доверба во правосудството е вина и на Коцевски, зошто со ништо не допринесе тоа да не биди така, или да се подобри, напротив уште повеќе ја влоши состојбата.

Љупчо Коцевски како шеф на Јавното обвинителство молчеше додека СДС ги крадеше институциите

Сега откако Коцевски доби одврзани раце да постапува, и беше дадена целосна поддршка од институциите, тој на секој начин се обиде да ги развлече постапките.

Македонија заслужува обвинителство кое ќе работи во интерес на граѓаните. Шефот на Јавното обвинителство треба да биде човек со интегритет, а не лице послушник.

 

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан