Петрушевски: Филипче би ги уништувал спомениците на борците од НОБ, партизаните, исто како Заев
- Зоран Заев, со кого Венко Филипче се гордее и за кого кажа дека водел добри политики, во интервју за една бугарска телевизија кажа дека лично тој ги оштетувал плочите на хероите од НОБ, и го тргал зборот бугарски, од "Бугарски фашистички окупатор". Да погледнеме што зборуваше Заев.

Скопје, 11 февруари 2025
Интегрален текст од прес-конференција
Говорник: Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Венко Филипче кажа дека СДС и неговите претходници на претседателското место на партијата воделе добри политики, и дека и тој би го направил истото.
Зоран Заев, со кого Венко Филипче се гордее и за кого кажа дека водел добри политики, во интервју за една бугарска телевизија кажа дека лично тој ги оштетувал плочите на хероите од НОБ, и го тргал зборот бугарски, од "Бугарски фашистички окупатор". Да погледнеме што зборуваше Заев.
Венко Филипче кажа дека се согласува со се што Заев и Ковачевски направиле и дека и тој би го направил истото. Да го погледнеме Филипче.
Венко Филипче не е никакво ново лице во СДС, самиот Филипче потврди дека е само продолжение на Заев и Ковачевски, и дека се што направиле тие би направил и тој, а тоа значи и дека би ги уништувал спомениците на борците од НОБ, партизаните, истото како и Заев.
Венко Филипче се демаскираше.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото и видео: ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.