• сабота, 22 февруари 2025

Петрушевски: Пеце Мирчевски потрошил десетици илјади евра службени пари на приватни патувања

Петрушевски: Пеце Мирчевски потрошил десетици илјади евра службени пари на приватни патувања

7 февруари 2025

Пеце Мирчевски потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни.

Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, само потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани.

Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски во повеќе наврати потпишувал решенија за резервации на хотели, како и авио-билети за патувања во странство, со образложение дека се работи за службени потреби, иако во реалноста тие патувања не биле поврзани со неговата функција. На овој начин, тој го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра.

Пеце Мирчевски одел до таму што се пишувал и како новинар, за да патува во Бугарија, за каде патот и смештајот му е платен како на новинар.

Аздисаноста за шетање на државен трошок од приватен карактер ја чинеле државата и пари и углед. Одговорност има.

Линк од видео материјал

https://www.youtube.com/watch?v=EHzKLvYNds8

https://we.tl/t-aAmSr1uOUL

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан