Петрушевски: Пеце Мирчевски е фатен со двете раце во криминал и проневера на државни пари
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 8 февруари 2025
До кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДС?
Ова е извадок од партиската интернет страница на СДС. Во делот на Комисии, како претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање е наведен Пеце Мирчевски.
Пеце Мирчевски е фатен со двете раце во криминал, и проневера на државни пари.
Пеце Мирчевски наместо за интересот на Службата и владата, работел за својот личен интерес и профит.
Ако СДС не го разреши Пеце Мирчевски од претседател на партиската комисија, покажува дека го поддржуваат неговиот криминал.
Ако СДС не го разреши и не се дистанцира од Пеце Мирчевски и нему сличните од јатото на Заев, вклучувајќи го и самиот Заев, тие ќе продолжат само да тонат.
интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.