Петровиќ повеќе не е тренер на Пелистер
- Александар Петровиќ повеќе не е тренер на Пелистер. Тој си поднесе оставка по слабите резултати на битолскиот кошаркарски прволигаш.

Битола, 23 јануари 2025 (МИА) - Александар Петровиќ повеќе не е тренер на Пелистер. Тој си поднесе оставка по слабите резултати на битолскиот кошаркарски прволигаш.
Пелистер не успеа да ја мине групата во регионалната АБА 2 лигата, а во домашниот шампионат ги загуби последните две дербија со МЗТ Скопје и со Куманово.
- Петровиќ пристигна на чело на стручниот штаб во текот на летото и му беа обезбедени максимални професионални услови за извршување на функцијата. Тој во целиот овој период ја имаше поддршката на раководството, но самиот донесе одлука да се повлече од кормилото, соопштувајќи ја истата на кошаркарите по последниот меч одигран во Куманово.
Кошаркарскиот клуб Пелистер јавно му се заблагодарува на Петровиќ за максималниот професионализам и посветеноста во овој период додека ја извршуваше функцијата во нашиот клуб.
Исто така, му посакуваме многу среќа во идните ангажмани, се вели во соопштението на КК Пелистер.
По 14 кола во домашното првенство, Пелистер е на 5.место со девет победи и пет порази. зс/
Фото: КК Пелистер