Петар Поп Арсов – афирматор на културното и духовното издигнување на македонскиот народ, во проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“
- Петар Поп Арсов – афирматор на културното и духовното издигнување на македонскиот народ, македонската самобитност и литературен јазик Проект „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“.
Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) - Петар Поп Арсов во македонската историска меморија останува запаметен како една од најголемите македонски национални фигури. Неговото влијанието на македонското движење особено се чувствува во два сегменти, македонската национална мисла и политичката борба за слобода. Неслучајно за него се вели дека е афирматор на културното и духовното издигање на македонскиот народ, македонската самобитност, македонскиот литературен јазик и правопис, се посочува во Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“.
Поп Арсов истовремено се пројавува како идеолог на македонското револуционерно движење преку неговото препознавањето на целосната различност македонските интереси од бугарските национални и политички интереси и јасните определби за нивното одделување. вг/
Фото: Нова Македонија