• петок, 05 декември 2025

Пентагон соопшти за американски напад врз брод за шверц на дрога на Карибите, три лица се убиени

Пентагон соопшти за американски напад врз брод за шверц на дрога на Карибите, три лица се убиени

Вашингтон, 2 ноември 2025 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет синоќа објави дека американската војска извршила смртоносен напад врз брод во Карипското Море, кој припаѓал на организација за шверц на дрога.

Според него, три лица на бродот биле убиени.

Операцијата, извршена по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп и спроведена во меѓународни води, била насочена кон брод познат по транспорт на дрога по шверцерски пат. Нема повредени или штети на американска страна, наведува Хегсет во објава на социјалната платформа „Икс“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан