Парламентарни избори во Египет
- Во Египет денеска и утре се одржуваат парламентарни избори на кои ќе се изберат 568 пратеници, а 28 директно ќе ги именува претседателот Абдел Фатах ал Сиси
Каиро, 10 ноември 2025 (МИА) – Во Египет денеска и утре се одржуваат парламентарни избори на кои ќе се изберат 568 пратеници, а 28 директно ќе ги именува претседателот Абдел Фатах ал Сиси.
Резултатите од изборите ќе бидат објавени на 25 декември, но се претпоставува дека Сиси ќе ја зацврсти власта, бидејќи неговите сојузници победија на изборите за Сенатот.
На изборите за Долниот дом на Парламентот имаше мала излезност од 17 отсто, на кои победи провладината коалиција Национална листа за Египет со 1 члена, вклучително и мнозинската партија Мостакбал Ватан.
Египет има мешан изборен систем, при што половина од местата се распределуваат пропорционално врз основа на партиски листи, а другата половина се доделува на независни кандидати, додека една четвртина од местата се резервирани за жени. ми/
фото: МИА архива