• петок, 05 декември 2025

Панел-дискусија во Куманово: „Магичниот пресврт – Што научи? или Што доби?“

Панел-дискусија во Куманово: „Магичниот пресврт – Што научи? или Што доби?“

Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Продолжува караванот на панел-дискусии во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука, со која се истакнува важноста на наставничката професија и влијанието што наставниците го имаат во создавањето на идни генерации. Денешната панел-дискусија ќе се одржи во Занаетчискиот дом во Куманово.

Темата на панел-дискусијата е „Магичниот пресврт – Што научи? или Што доби?“, со фокус на тоа како се менува начинот на кој го вреднуваме знаењето и резултатите и како наставниците го препознаваат напредокот и потенцијалот на учениците денес.

Ќе учествуваат Елена Ивановска, државен секретар во Министерството за образование и наука, Милка Тримчевска, директорка на Бирото за развој на образованието, Нагри Реџепи, директор на СОУ „Сами Фрашери“ – Куманово, Хилда Димитриевска, одделенски наставник во ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово, Даниела Стојановска, наставник во ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово и Иван Нацевски, родител на ученик во ООУ „Кочо Рацин“ од Куманово.

Настанот ќе може да се следи и во живо на YouTube каналот на Министерството за образование и наука.

Досега вакви настани се одржаа во Скопје, Прилеп и Тетово. мд/мч/

Фото: Постер 

 

 

 

 

Остани поврзан